На сите им е јасно дека хитовите како „Треси, треси“ се „вовлекоа“ во сите генерации, дури и кај најмладите деца. Пејачката Теодора Џехверовиќ, чии песни се доста популарни и во Македонија, предизвика скандал откако на бината изведе младо девојче кое играше во стилот на Теодора, што беше невкусно поради нејзината возраст, пишуваат повеќе српски медиуми.

Според нив, звучи одвратно да се слуша како детето пее некои од модерните хитови, а уште поодвратно е изведбата на придружната кореографија. Теодора Џехверовиќ на сцена донесе девојче која очигледно е запознаена со „работата“ на Теодора.

И додека одекнува силно „дојди со мене во ноќта“ проследено со „треси, треси“, девојчето и Теодора исто така изведуваат кореографија.

Видеото брзо заврши на социјалните мрежи, а некои о го оправдуваат девојчето затоа што тоа било приватна прослава.

– А зошто го слуша ова, затоа што слуша и други песни каде криминалот и развратот се главните стихови, ја правдаат некои твитерџии.

Сепак, повеќето се згрозени од сцената, па многумина велат дека родителите на девојчето, како и пејачката, потфрлиле.

– Се разбира, родителите потфрлиле тука, но и Теодора како изведувач исто така има одговорност, и не треба ова да го прави, велат тие.

Погледнете ја снимката и оценете сами:

Во меѓувреме, Теодора не се двоуми постојано да игра на картата на провокација, а ниту најновата споделена фотографија на Инстаграм не беше исклучок.

Имено, пејачката е фотографирана во прилично провокативна поза во костим за капење, како во провокативна поза јава делфин на дување во базенот.

View this post on Instagram

A post shared by ᏆᎬᎾᎠᎾᏒᎪ (@teodoradzehverovic)

Коментарите почнаа да се редат без крај, а следбениците беа повеќе од имагинативни во обид да го привлечат вниманието на Теодора.

За потсетување, Џехверовиќ предизвика лавина поделени коментари бидејќи пиеше и се тетеравеше на сцена, за време на последниот настап.