За овој тест треба да ги споите показалците така што ноктите ќе се допираат.

Ако има празен простор околу коренот на двата нокта што е сличен на облик на дијамантот, тогаш се е во ред. Меѓутоа, ако нема таков простор, можно е да имате болест како што е рак на белите дробови.

Имено, одредени услови во телото предизвикуваат акумулација на вода, така што врвовите на прстите се зголемуваат и нема празнина кога ќе се допрат.

Според истражување спроведено во Велика Британија, ова е релативно чест симптом на одредени видови на рак на белите дробови, а исто така може да биде знак за срцева слабост и други болести.

Медицинската сестра Ема Нортон од Велика Британија наведува дека оваа состојба се нарекува „nail clubbing“. Клабинг е кратенка за: Ц – цироза, Кронова болест, Л – апсцес на белите дробови У – улцеративен колитис, Б – брахијална артерио -венска фистула Б – бронхиектазија, И – инфективен ендокардит, Н – неоплазија, Г – Грејвсова болест.

Таа изјави дека овој тест го користат и медицинските експерти како помош за да се утврди состојбата на пациентот, што дополнително се испитува со детални анализи.