Единаесетгодишно девојче кое со месеци криеше од своите родители дека е бремено, се породи во Велика Британија, по што стана најмладата мајка во модерната историја на Островот.
Неименувано девојче се породило 30-та недела од бременоста и таа се чувствува добро како и бебето. Центарот за социјална работа е вклучен во овој необичен случај.
Со месеци девојчето им кажувало на своите родители дека влегува во пубертет и дека станува се повеќе дебела поради тоа, криејќи ги најважните информации во нејзиниот живот.
Извор кој го познава семејството на девојчето изјавил дека ова било огромен шок за сите, особено за фактот кој е можен татко на детето.
– Тоа беше голем шок, сега е опкружена со стручна помош. Главната работа е дека таа и бебето се добро. Постојат прашања за тоа зошто родителите не знаеле за тоа. Тоа е многу загрижувачко. Според некои информации, татко на детето е 15-годишно момче од околината кое е „на место“, односно не е проблематично – рече изворот на The Sun.
Таткото и мајката не сакаа да даваат изјави. Откако нивната ќерка се породи, тие со голема брзина ја напуштија родилната болница, осигурувајќи се дека никогаш не доживеале блиска средба со новинарите.
Тишина е на местото каде се случи овој случај. Соседите и пријателите на девојчето и нејзиното семејство се изненадени бидејќи таа не била од тие проблематични деца и не изгледало дека може да и се случи вакво нешто.
– Родителите се пријатни и искрени луѓе кои се целосно посветени на своето семејство целиот свој живот. Тие ја воспитаа како што треба, добро дете e. Едно момче од околината е осомничено, ниту тој не е проблем. Кога родителите слушнале дека тој може да биде татко, останале без зборови – вели изворот на The Sun, кој инсистирал на анонимност.