Тијана Тодевска – Дапчевиќ е македонско-српска поп-пејачка и глумица. Освен тоа е композиторка и професорка по виолончело, а дипломирала на Факултетот за музички уметности во Скопје. Има добиено голем број награди во нејзината музичка кариера, а големо достигнување и е учеството на Евровизија 2014 во Данска каде ја претставуваше Македонија. Македонската јавност може да ја гледа и на МРТ телевизија во ТВ серијата „Преспав“.
Повеќе од 20 години е во брак со Милан Дапчевиќ со кого имаат необична љубовна приказна. Живее и работи во Белград. Тијана имаше инатервју за Бекстејџ каде што искрено прозборе за македонскиот синдром на величење на јавна личност која веќе не е дел од Македонија поради која било причина, па кажа:
– Ние сме такви како народ. Сведоци сме, да не звучам пате тично, само ќе звучам искрено. Тоа се испостави како концепт кај македонскиот народ да кога некој ќе ум ре како тоа што се случи со Тоше мил, тогаш сфативме што изгубивме.
А се додека беше жив тој беше поголема ѕвезда и во Хрватска и во Србија. Во Македонија беше и осп оруван и озборуван и секакви га дости имавме приликада слушнеме ние, така што тој концепт кај македонскиот народ не е од сега.
Се случи јас пред 23 години да отидам од Макеоднија, во Белград, се случи тоа да „нашата Тијана“ се додека живеев во Македонија јас бев на второ или на трето место. Никогаш никој не ме сфаќаше сериозно. Никогаш не бев на прво место и во прв план, секогаш некој друг беше. Не замерувам, си го најдов мирот во оваа земја, си ја најдов љубовта.
Оваа земја ми пружи многу повеќе него што ми пружи земјата каде што сум родена, каде што сум израснала. Тоа е факт, мојата земја никогаш не ми го пружи тоа што ми го пружи оваа земја, овој град. Ми фали Драчево, ми фали тато, не ми фали Македонија, само тие ми фалат, емотивно и низ солзи објаснува Тијана.
Емотивното гостување на Тијана погледнете го во продолжение: