Исчезнувањето на Дајана Петковиќ (26) од селото Бјело Бучје во босанската општина Теслиќ е пријавено во полиција во Теслиќ, јавуваат попладнево восанските медиуми.

Дајана последен пат го контактирала семејството на 1-ви јануари преку апликацијата WhatsApp. Исчезнувањето било пријавено утрово во 8 часот и 5 минути.

Полициската управа Добој побара од граѓаните доколку имаат сознанија за исчезнатото девојче да пријават во најблиската полициска станица или да се јават на бесплатниот број 122.

За таа цел граѓаните можат да се јават во Полициската станица Теслиќ на број 053/431-144.