Почина Наталија Цветковиќ (24) од Белград, чие срце ненадејно запре на 26 август за време на нејзиниот престој во Црна Гора.
Тогаш тамошните лекари успеале да ја оживеат, а Наталија во вторникот со авион беше префрлена од болницата во Котор на Военомедицинската академија (ВМА) во Белград. Ова го потврдија родителите на девојчето за српските медиуми
Наталија почина синоќа во 00:15 часот.
Родителите дознале за смртта на нивната ќерка денес, кога се јавиле да проверат во каква состојба е.
– Лекарите дадоа се од себе, но немаше помош, потврдено е за Телеграф.
Да потсетиме, откако и се слоши во Црна Гора, лекарите на Брза помош успешно ја реанимираа Наталија, а потоа таа беше сместена во општата болница во Котор, каде што се наоѓаше се до 2-ри септември
– Се’ се случи од „чиста мира“. Таа е во болницата во Котор, на апарати, нејзиниот мозок воопшто не реагира. Не може да биде префрлена во болницата во Рисан, иако има одделение за неврологија. Се обративме на секого по ред. Анестезиолози од Воено медицинската академија се во контакт со анестезиолози од Котор. Бирократијата кочи се, тоа мора да се заврши. И дури и кога ќе се најде транспортот, прашање е дали ќе може веднаш да се пренесе, изјавил таткото на Наталија претходно.