Вчера во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека е прегазена жена на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Франклин Рузвелт“.
„Настанот се случил кога возило управувано од 30-годишниот Ф.В удрило во 72-годишната В.М. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.М., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, по што била препратена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починала. Увид извршила екипа од СВР Скопје“, пишува во билтенот на МВР.