Хрватскиот архитект, маркетинг експерт и инфлуенсер Марко Бабиќ (31) почина откако две години се бореше со сарком – карцином на сврзното ткиво. На социјалните мрежи тој ја информираше јавноста за текот на болеста. Загрепчанецот на крајот на мај објави дека му се вратил саркомот, а во последните две години им помогнал на многу луѓе кои се соочиле со дијагнозата.
– Патувај, наше момче. Со скршено срце сме, но горди што бевме со тебе на ова патување. Беше најдобриот татко, партнер, син, брат и пријател. Те сакаме засекогаш – објави неговото семејство.
– Саркомот се врати во мојот живот. Не му требаше многу, знам. Се врати помалку подло. Ме најде во миг кога поради неподнослива болка бев крш на човекот што бев. Последните два месеци беа убедливо најпредизвикувачкиот период во мојот живот. Физички, претрпев ужасна и тешко опишувана болка. Ментално, главата ми беше неколку метри под површината на морето. Всушност, болеста се проширила и на други органи, што секако не е добра вест. Покрај коските, сега е и на белите дробови и менингите. Не можам да ви кажам колку оваа ситуација е потешка од првата. Звучи лошо, но ве уверувам, ние не сме тука да судиме што е лошо, а што е добро. Времето ќе покаже, јас и така веќе знам – објави Бабиќ во мај на социјалните мрежи.
Во ноември 2022 година, Марко ја претстави книгата „Патување наречено игра“ во Загреб. Својата животна борба ја стави на хартија.