Српската пејачка Милица Тодоровиќ се породи пред неколку дена, а синоќа за првпат сподели фотографија со својот наследник. На трогателната фотографија може да се види како малиот Богдан ја фаќа Милица за прст, што ги разнежни нејзините следбеници на Инстаграм и предизвика голем број топли коментари.
Меѓу првите што се огласија беше македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, кој пред само неколку дена доживеа вистинска драма кога беше киднапиран во центарот на Белград.
„Ништо поубаво од ова. Слава му на Бога. Добре ни дојде, Богдан“, напиша Даниел под објавата на Милица.
Да потсетиме дека пејачот доживеа вистинска драма кога беше киднапиран по неговиот настап во Бетон халата, а потоа пронајден врзан во автомобил од кој киднаперите избегаа.

