Седум лица се повредени во несреќата што се случи денеска околу 16 часот на автопатот Приштина – Гњилане, во која учествувале две возила, потврдил портпаролот на косовската полиција Агрон Боровци, пишува Газета експрес, пренесува Косово онлајн.
-Првите информации велат дека во несреќата учествувале две возила, додека седум лица се повредени. Тие се префрлени во најблиските здравствени домови и Универзитетскиот клинички центар во Приштина за да им се укаже потребната лекарска помош – рече Боровци.
Во населеното место Глоговац во приштинскиот округ денеска во рок од два часа се случиле уште две сообраќајки во кои две лица го загубиле животот, а 13 се здобиле со телесни повреди.