„Вака изгледа апартманот што ми го оставија странски туристи“. Овие зборови до редакцијата на подгорички „Вијести“ ги упатил Будванец кој долги години се занимава со туризам и издава апартмани во својата семејна куќа.
„Сакав јавноста да види како одредени гости, не сакам да кажам од каде се. Кога излегуваат од станот знаат дека оставаат коментари дека не им се допаѓа ова или она, а погледнете како оставаат“, вели тој.
Тој изјавил дека откако си заминале нашол купишта ѓубре и апартманот бил во хаос.
„И ова не е единствен случај, туку постојано се среќаваме со ова“, рече тој.