Туристи почнуваат да го напуштаат грчкиот остров Миконос, откако таму од вчера се воведе полициски час и се забрани музика, јавува дописникот на порталот еМагазин од Грција.
Една од најскапите дестинации во светот е препознатлива пред се по бројните журки, кои траат и по по 24 часа, а туристите се гневни поради изгубеното време и пари, како и поради ограниченото движење, пренесуваат грчките медиуми.
Полициски час беше воведен на островот на кој е регистриран зголемен број на заразени со Ковид-19. Миконос ќе биде во карантин најмалку до 26 јули.
Миконос е првата дестинација во Грција каде повторно се воведе полициски час. Нашиот јужен сосед неколку земји, поради раст на бројот на заразени, го ставија на „црвената„ листа.