Во последните неколку години, Албанија стана многу популарна туристичка дестинација за граѓаните на Србија, но и за луѓето од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, како и од Хрватска и Словенија.
Таа земја доживеа експанзија во 2022 година – ја посетија повеќе од седум и пол милиони странски туристи, што е повеќе од 30 проценти во споредба со годината пред тоа.
Таму нашинците се одлучуваат да летуваат пред се поради ниските цени и во маркетите и во рестораните.
На фејсбук групата „Одмор во Албанија“ туристите од Србија но и Македонија, секојдневно споделуваат согледувања од таму. Еден турист ги објави цените од ресторан во Ксамил.
Еден килограм мешано месо чини 2.200 леки, што е околу 1.200 денари. Исто така, порција пилешко филе со помфрит чини 650 леки, што е околу 350 денари, а тестенините со морски плодови чинат 800 леки или околу 450 денари.
Супа чини 400 леки или 225 денари, салатите се веќе 350 леки што се 200 денари. Исто така, крофна е 200 лека, што е околу 115 денари, а целиот појадок е веќе 350 леки, што е околу 200 денари.
Инаку, и во Албанија цените скокнаа за околу 20 отсто во однос на цените од претходните години, а интересот на туристите за оваа дестинација опаѓа. Сепак, иако цените се повисоки во споредба со порано, таму можете да поминете сосема удобно – дури и ако ручате во ресторан.