Педесет и деветгодишна туристка утрово била пронајдена мртва во соседна Грција во близина на местото Падес во Коница. 59-годишната Швеѓанка отпатувала од Солун до Коница со цел да присуствува на фестивалот на фондацијата Оназис.
Таа во петокот не стигнала кај пријателката која ја очекувала и следниот ден семејството ја пријавило како исчезната во полициската станица во Солун. Истрагата почнала вчера вечерта.
По истрагата која ја спровела полицијата, 59-годишната жена била пронајдена мртва на локацијата „Агиа Марина“ во Падес. Според првите проценки, рачната сопирачка на нејзиниот автомобил била спуштена додека таа била надвор од автомобилот. На местото каде што се наоѓала имало удолница, а во обид да ја запре колата, жената била згмечена од неа и смртно повредена.
Точните причини за трагичниот инцидент ги истражува полицијата во Коница, додека вештачењето ќе ги расветли точните причини за смртта на 59-годишната жена.