Kосовската полиција вечерва уапси три лица во врска со тројното убиство во Глоѓане, јавува Косово онлајн, повикувајќи се на Економија онлајн.
Станува збор за три лица од село Глоѓане. Тие се осомничени дека се поврзани со убиството на возачот на автобусот Гани Ѓокај и двајцата ученици.
-Постои сомнеж дека мотивите за овој напад се поврзани со самоубиството на 20-годишната Х.М. од Глоѓане на 14.06.2020 година, пишуваат медиумите.
Семејството на девојчето го обвини возачот на автобусот Гани Ѓокај за нејзиното самоубиство.
Во нападот на автобусот на 26 ноември, кој сообраќал од Ѓаковица кон Глоѓане, било пукано со калашников и во таа прилика загинале возачот на автобусот и двајца студенти, а еден ученик бил ранет.