Убиството на Орхан Бајрами-Оки кој беше застрелан вчера во апартман на Халкидики, ден претходно било најавено со видео на Тик-Ток, објави порталот 4NEWS.mk

На објавата пишувало дека тој е следен на листата за ликвидација, а потоа и дека работата е завршена.

Профилот со име „tmeriii0101“ од кој била најавена ликвидацијата од вчера не е достапен. На овој профил, наводно повеќе од една година биле најавувани убиства. Засега не е познато кој стои зад профилот и дали тој има директна поврзаност со убиството во Ханиоти.

Грчките медиуми вчера објавија дека причните сознанија упатуваат на мафијашка пресметка, иако грчката полиција се уште го испитува случајот.

Вчера беше објавено дека грчката полиција трага по две непознати маскирани лица кои пукале во апартманот во Ханиоти при што е убиен 39-годишниот Орхан Бајрами, а ранет е 45-годишниот Сеад Слезовиќ кој бил со него во апартнот и кој по инцидентот е прнесен во болницата во Полигирос.

Според извори од грчката полиција, на местото на инцидентот се пронајдени 19 чаури и еден куршум.