Украдено возило од паркинг во Скопје.
– На 22.04.2025 во 10.45 часот во Полициската станица Аеродром, Љ.С.(70) од Република Грција пријавил дека во периодот од 02.04.2025 до 09.00 часот на 22.04.2025 од паркинг на ул.„Анастас Митрев“ во Скопје било одземено патничко возило „фолксваген“ со чешки национални ознаки, сопственост на правно лице од Република Чешка, во кое имало пари, компјутер и други предмети, информираа од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.