Руската авијација префрли современи ловци Сухој од класата Су-35С на аеродромите во Белорусија, каде е предвидено да учевствуваат на воена вежба, објавија од Министерството за одбрана на Русија.

Од министерството порачаа дека авионите ќе бидат дел од заедничките сили на Русија и Белорусија – „Сојузна држава“, а ќе биде проверен и степенот на остварената соработка помеѓу двете армии.

Воената вежба е предвидена да започне на 9 февруари, а во две фази ќе се одвива сè до 20 февруари.

Претставниците на НАТО се многу претпазливи во врска со најавената воена вежба во Белорусија, сметајќи дека се работи за обичен изговор, со цел да се префрли војска и оружје во оваа земја, со цел Русија од три страни да може да изврши инвазија врз Украина, откако големи контигенти претходно се стационирани на источната граница, како и на Полуостровот Крим.

Пред неколку дена беше објавено и дека во Белорусија се испратеи два баталјона од ПВО системот С-400.