Украинското Министерство за надворешни работи објави драматична фотографија направена од воздух, на која како што тврдат Украинците, се гледа штетата предизвикана од руските напади на полињата околу патот за Изум.

– На светот му се заканува недостиг од храна, а руските агресори пукаат по украинските полиња. Ова е патот до Изум во областа Харков. Изгледа како рани на телото на природата, стои во описот на фотографијата што ја објавија Украинците.