Поранешниот украински репрезентативец Евгениј Левченко го најави дуелот против Македонија. За нашата репрезентација тој вели дека одлично се бранеше на моменти на првиот натпревар на Европското првенство.

Украина исто така загуби на почетокот на шампионатот, па ќе оди на победа на дуелот со македонскиот тим в четврток.

„Македонија не беше толку лоша во одбрана. Тие имаа и неколку одлични моменти на првиот меч. Австријците сепак на крај заслужено победија. Во првото полувреме добро се бранеа. Би можел само да испратам критика до нивниот селектор, им дозволи многу простор на противничките фудбалери, особено на Алаба.

Нашиот натпревар со Македонија ќе биде многу тежок, и покрај тоа што тие примија три гола, ги гледав и бев одушевен во првото полувреме, кога одлично се бранеа. Македонија има добри играчи во Елмас и Барди. Тие можат да бидат многу опасни по украинскиот гол“, смета Левченко.