Крајот на годината се ближи, а многумина ги реинтерпретираат енигматските изјави на Баба Ванѓа, слепата јасновитка, со мешавина од љубопитност и страв.
Иако почина во 1996 година, нејзините „предвидувања”, честопати криптични и отворени за дискусија, продолжуваат да интригираат, објавува Дејли Меил.
„Последна шанса”
Едно од најпознатите „предвидувања” за 2025 година повторно ја разбранува јавноста. Јасновидката наводно објавила дека луѓето „ќе дојдат во контакт со вонземски живот” за време на „голем спортски настап”.
Сега ентузијастите на интернет го поврзуваат тоа со ждрепката за Светското првенство во фудбал во 2026 година, закажана за петок, 5 декември!
Иако никогаш не е кажано дека Ванѓа конкретно открила за кој спортски настап зборува, многумина веруваат дека ждрепката во Вашингтон е последната шанса нејзината
„визија” да се оствари, пред да преминеме во 2026 година.
Церемонијата трае околу еден час, за време на кој 48 екипи се поделени во 12 групи, одредувајќи ги противниците во прелиминарната фаза од турнирот. Се
очекува телевизискиот пренос да го гледаат околу 300 милиони гледачи ширум светот.
Иако самата церемонија не е спортски настап, во потесна смисла таа ја поставува сцената за едно од најгледаните натпревари на планетата. Многу ентузијасти веруваат
дека наводното предвидување на Ванѓа за „нова светлина на небото” би можело да укаже со ненадејно појавување на вонземски брод.
Сепак, постојат и други толкувања
Некои шпекулираат дека би можеле да бидеме сведоци на интензивен метеорски дожд, спектакуларни аурори или бизарната звезда Т Корона Бореалис, оддалечена 3.000
светлосни години, која треба да биде видлива од Земјата.
Што нè очекува од сето ова? Ќе дознаеме за два дена.

