Кичево денес слави. Фактор со ексклузивна снимка од свадбената весеба на Мартин Филиповски од популарната група „Некст тајм“.

Видеото кое го објавуваме е од атмосферата и забавата пред домот на избраничката на Мартин, Андреа Белеска, ракометарка од Кичево.

Мартин ја побара за жена Андреа на неговиот роденден на 20 септември минатата година, која пак без двоумење му кажала ДА.

Еве дел од атмосферата на свадбената веселба на еден од браќата од популарното музичко дуо.