Утрово околу 6 часот почина Младен Шлогар (75), убиецот на Ивана Ходак, ќерка на поранешната хрватска министерка Љерка Минтас Ходак и адвокатот Звонимир Ходак.
Починал од природна смрт во Загребската затворска болница, пренесува Danas.hr.
Ходак е ладнокрвно убиена на скалите од зградата во која живеела во строгиот центар на Загреб.
Полицијата го пронашла случајно.
Насилникот пукал во 26-годишната девојка и побегнал, а полицијата го пронашла случајно кога еден месец подоцна го уапсила за скитање и кај него пронашла оружје.
Со вештачење било утврдено дека тоа е оружјето со кое била убиена Ивана.
Иако Шлогар беше осуден на 30 години затвор за нејзиното убиство, нејзиниот татко тврдеше дека таа била жртва на политичката мафија и дека била убиена затоа што го бранел Владимир Загорец.