Станарите, новинарите и другите граѓани кои биле во близина на кинескиот трговски центар во Нов Белград се евакуирани, бидејќи покрај големиот пожар што избувна во една од продавниците, по безбедноста се закана и плински боци кои би можеле да експлодираат, јавува Нова.рс.
Претходно, пожарот беше локализиран, но подоцна како што јавува српскиот медиум тој повторно се разгорел.
Интервенирале 23 пожарникари, а постојано пристигнуваат и нови екипи.
Пожарот во стариот дел на кинескиот трговски центар избувнал вечерва околу 20 часот, според Нова.рс, пожарот не стивнува.
📷
📷
📷
📷