Генералниот директор на хокеарскиот клуб Братислава Капиталс, Душан Пашек (36) извршил самоубиство со бесење, објавија локалните медиуми.

Пред само неколку дена, во средата, од истиот клуб стигна уште една трагична вест, дека младиот Борис Садецки (24) им подлегнал на повредите кои ги претрпел кога доживеал нервен слом на тренинг. Тоа се случи пред 5 дена.

Душан Пашек поради здравствени проблеми ја заврши кариерата во 2016 година.

За работите да бидат уште побизарни, тој беше син на постариот Душан Пашек, исто така национален спортски херој, кој се самоуби во 1998 година.

Пред само неколку дена, Словачка беше шокирана од веста дека Борис Садецки, 24-годишен хокеар на Братислава Капиталс, починал во болница. Садецки колабираше пред неколку дена на мечот на словачкиот клуб против Дорнбирн во ИЦЕХЛ лигата.

– Со тага во нашите срца и жалење, ја објавуваме смртта на нашиот играч Борис Садецки. Изразуваме длабоко сочувство до семејството и пријателите. Во овој момент нема да објавуваме повеќе информации без консултациите со семејството на Борис, објави клубот на социјалните мрежи.

Натпреварот од 14. коло помеѓу Дорбирн и Братислава беше прекинат со резултат 1:0 за домашната екипа на почетокот на вториот период, откако Садецки ненадејно колабираше. На мразот веднаш му била дадена брза помош, а потоа го пренеле во болница од каде подолго време немало информации за неговата здравствена состојба.

Токму директорот на клубот Душан Пашек тогаш објави дека состојбата на Садецки е стабилна, но тешка, а потоа младиот хокеар почина.