Полицијата го идентификувала мажот кој како што може да се види на снимката која ја објави Службата за заштита и спасусвање во Подгорица, подметува пожар на улицата Джан во приградската населба Драч и за тоа е известен и надлежниот обвинител, велат за „Вијести“ од безбедносната институција, не соопштувајќи го идентитетот на мажот.
Од полицијата велат дека се работи на утврдување на неговата одговорност.
-На ден 07.08.2021 година во 3:22 часот до Службата за заштита и сапсување е упатена пријава дека на Ул. Джан во Драч дошто до опожарување на трева и ниски растенија. Во овој пожар биле загрозени станбени објекти кои се наоѓаат во непосредна близина, како и поголем број паркирани возила. На местото на настанот се упатени три екиги со пет пожарникари, кои со брза и ефикасна реакција го ликвидираа пожарот во 3:54 часот, објавија од СЗС на Фејсбук.
Заменичката на градоначалникот Слаѓана Вујачуќ потсети дека командирот на Службата за засштита и спасување пред неколку дена укажал на слични појави, како обид за дисперзија на пожарникарите на повеќе локации.