Се очекуваат гужви на граничните премини во денеска попладнр и вечерва поради велигденските празници.
По продолжениот викенд и велигденските празници, во понеделник се очекува зголемена фреквенција на сообраќај и подолги задржувања на граничните премини во земјава. Според проценките на надлежните институции, повеќе од 20.000 граѓани ја напуштиле државата во изминатите денови, користејќи го празничниот период за патување во странство.
Најголем притисок се очекува на премините кон Грција и Србија, каде традиционално има најголема раздвиженост за време на празници. Надлежните апелираат граѓаните да бидат трпеливи, да ја следат состојбата на граничните премини и, доколку е можно, да ги избегнуваат пиковите во текот на денот.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемено внимание и одговорност на патиштата.
Со пораката „Секој живот е важен“, РСБСП потсетува дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи се најдобриот пријател на безбедноста во сообраќајот.
Безбедноста не е индивидуална, туку заедничка одговорност – секоја правилна одлука значи спасен човечки живот.

