Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во близина на грчкиот остров Крит, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 21.15 часот, бил на 16 километри југоисточно од главниот град на островот, Хераклион, на длабочина од два километри.
Жителите на Крит, како што е наведено на веб -страницата на ЕМСЦ, опишале дека земјотресот бил интензивен и дека за време на истиот се слушала бучава.
Земјотрес вечерва и во Босна
Земјотрес вечерва беше почувствуван и во областа Бања Лука околу 23:10 часот, а епицентарот бил во близина на градот.
Земјотресот траел неколку секунди, јавуваат медиумите.
Според првите информации, јачината била 4,1 степени според Рихтеровата скала.
Граѓаните почувствувале посилно тресење на земјата, а се уште нема податоци за евентуална штета.