До бугарската редакција на ПИК.бг пристигнало скандалозно видео. На снимката се гледаат две лица, многу слични на Кирил Петков и Лена Бориславова.

На снимката се гледа како луѓето се качуваат по скалите на станбена зграда, а додека жената ја отклучува вратата од станот, мажот зад неа ја допира по задникот.

„Според информациите што го придружуваат видеото, на снимката се гледаат Кирил Петков и Лена Бориславова. Двајцата се фотографирани како влегуваат во таен љубовен стан. во неговата канцеларија“, се истакнува во информативното издание.

„Ако снимката е автентична, тоа ќе биде најголемиот скандал околу личноста на Кирил Петков. Премиерот на Бугарија е оженет и има три деца, а шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова е свршена за пријателот на Петков, Мирослав Иванов“, додаваат од ПИК.

Инаку Лена Бориславовa е шефица на политичкиот кабинет на премиерот Кирил Петков.