Биша е ритуал во кој обвинета личност мора со јазик да допре вжештен метален предмет, а ако се изгорите… виновни сте…

Биша или искушение со оган, претставува ритуал односно судење со оган со кое се занимаваат бедуински племиња во Јудејската, Негевската и Синајската пустина, поради откривање лаги. Исто така се практикува и наводно настанала меѓу некои бедуински племиња во Саудиска Арабија.

Тоа е најпознатата од разните форми на судење низ искушение кое го практикуваат бедуините, старо околу 250 до 300 години. Тоа е еден од највашните ритуали во бедуинскиот правосуден систем за одржвање Шараф – бедуинскиот кодекс на честа.

Основниот рутал се состои во тоа од обвинетиот да се бара три пати да лиже вжештен метален предмет, лажица или шипка. По свеченоста добива вода за миење, а потоа оној кој претседава со церемонијата (Мубеша- го прегледува јазикот на личноста која била дел од ритуалот и одлучува дали јазикот е запалн или степенот на изгореници во некои случаи, шри што донесува своја одлука со собранието. Обвинетиот потоа го покажува јазикот на сведоците на увид.

Ако се утврди дека личноста која била дел од ритуалот има изгореници или запален јазик, се заклучува дека лажела.

Биша обично се изведува само за да се реши најтежок цивилен или кривичен прекршок, и тоа е доброволен ритуал.

Ритуалот обично се изведува само во оние случаи во кои нема сведоци во врска со спорното прашање.

Обредот обично е јавен, а двете страни доаѓаат со фанфари. Често се сервира и чај. На жените им е дозволено да учествуваат, за разлика од другите судски сослушувања на бедуините.

Во видео објавено на Твитер жената ја обвиниле нејзиниот маж и семејството дека им украла 2.000 долари и тоаа била дел до ритуалот.

Судијата на крајот одлучил дека жената не е виновна.