Страшната несреќа во која падна кабина од жичницата на северот на Италија, во која загинаа 14 лица ја шокираше Европа на крајот на мај. Сега се појави видео од 19 секунди кој покажува дека луѓето во кабината немале никакви шанси.
Да биде трагедијата поголема, од снимката се гледа дека гондолата само што не стигнала на врвот на жичницата, по што со огромна брзина почнала да се движи наназад, а потоа и паѓа.
Петгодишно момче од Израел, единствено преживеано, беше пуштено од болница пред една недела, бидејќи неговото здравје значително се подобри. Момчето е единствениот патник кој ја преживеа несреќата со гондола на жичарницата во Стреза, недалеку од врвот Мотароне.
Другите 14 патници, вклучувајќи ги неговите родители, двегодишниот брат и прадедо и прабаба, загинаа.
Неколку службеници на компанијата што работи со жичница се гонат под сомнение дека намерно го деактивирале системот за сопирање во итни случаи што требаше да ја блокира кабината кога ќе се скрши кабелот. Досега се уапсени три лица бидејќи не овозможиле безбедно функционирање на жичницата.
Al Tg3 un documento esclusivo della cabina della funivia del Mottarone, prima della caduta, agli atti dell'inchiesta sul disastro costato la vita a 14 persone. Le immagini per il loro contenuto potrebbero urtare la sensibilità di alcuni pic.twitter.com/en6MHCfS00
— Tg3 (@Tg3web) June 16, 2021