Невремето не запира на европскиот континент, како и пожарите на американскиот. Балканот попладнево беше погоден од обилни врнежи од дожд, меѓу кои и делови од Македонија, но тоа не е ништо во споредба со она што може да се види на улиците на германските и белгиските градови и села.
Во Германија досега загинаа близу 180 лица во големи поројни поплави, за кои официјално се знае дека починале, а таа бројка е веројатно многу поголема, бидејќи ститици се водат како исчезнати.
Делови од Западна Германија и Белгија беа посебно оштетени за време на поплавите, а од областа Рур пристигнаа вести за пукање на браната, што предизвика вистинска катастрофа.
Вечерва се појави ново видео од Германија, на кое се гледа огромен порој со матна вода која како од шега носи челична конструкција. Најверојатно станува збор за контејнер за отстранување на отпаден материјал.
Looks like a Willy Wonka apocalypse. That is really nuts https://t.co/Wg5ja64P3H
— Tyler Rogoway (@Aviation_Intel) July 17, 2021
Во меѓувреме, луѓето снимаат нереални сцени на улиците под нив, кои се претворија во „бесни реки“.