Новинарка на германската телевизија РТЛ добила отказ, откако било откриено дека таа намерно се размачкала кал на лицето и облеката, тврдејќи дека помогнала во чистење на поплавениот град.
Сузана Охлен (39) се извалка со кал пред да се приклучи во програмата, по што рече дека помогнала во чистење на Бад Мунстерејфел, место кое беше сериозно оштетео во поплавите што однесоа 128 животи во Германија.
Како што се наведува, таа работела во РТЛ од 2008 година, каде што водела емисии како „Добра вечер“, „РТЛ“, „Добро утро“, „Германија“ и „Точка 12“.
„Чистење по поплавата: Новинар на РТЛ помага да се расчисти Бад Мунстерајфел“, е насловот на телевизискиот пренос, но наскоро се појави видео од случаен минувач, на кое се гледа како репортерот намерно размачка кал на лицето и облеката.
Hier ist das fleißige Bienchen 🤣🤣🤡🤡mit ihrem Märchen das sie mit angepackt hat 😂😂 pic.twitter.com/brdhofXl5k
— BockwurstMitSauerkraut (@Michael45644934) July 22, 2021
Заради измамата на јавноста, телевизијата РТЛ им се извини на гледачите за потегот на својата новинарка.
– Пристапот на нашиот репортер е во спротивност со нашите принципи и стандарди. Затоа ја отпуштивме новинарката откако разбравме што сторила – наведоа во соопштението од телевиизјата.
Das ist die @RTLde Moderatorin Ohlen, die "anpackt" – wie im nachfolgenden RTL-Artikel geschrieben wird.@Hadmut @argonerd pic.twitter.com/l1zFOd1pdc
— Eddie Graf (@Eddie_1412) July 22, 2021
Сузана работела во РТЛ од 2008 година.