Српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ е приведен под сомнение дека утрово околу 4 часот во нишкиот хотел „Амбасадор“ го нападнал режисерот Предраг Гага Антонијевиќ и го удрил неколку пати во главата, дознава „Блиц“.
Антонијевиќ има видливи повреди на лицето.
Како што дознава „Блиц“, Бјелогрлиќ е во нишката полиција, каде чека да даде изјава.
Во меѓувреме на интернет се појави снимка од инцидентот:
Антонијевиќ е автор на филмот „Дара из Јасеновац“, а пред извесно време го обвини Бјелогрлиќ дека му понудил поткуп на почетокот на 2016 година за да го поддржи филмот „Есента на самураите“. Антонијевиќ објави преписка со Бјелогрлиќ од 2016 година, во која се вели дека „може да заработи 100 сома“, а од е-поштата се гледа и дека Антонијевиќ категорично одбива да го стори тоа. Бјелогрлиќ тогаш го негираше тоа и тврдеше дека преписката е фалсификувана.
На интернет мрежите за брзо време се појави и снимка од нападот:
Имено, како што може да се види на видеото, режисерот седеше мирно кога актерот одеднаш му пријде и го удри со тупаница по лицето. Антонијевиќ се обиде да се одбрани, но Бјелогрлиќ го повлече за ногата, а потоа продолжи да го удира по главата.
Многу брзо, шокираните гости скокнаа да ги разделат.
Да потсетиме, Бјелогрлиќ се уште е во полициската станица каде што дава изјава.
– Ми пријде Бјелогриќ одзади. Јас дури и не го видов додека не почна да ме удира. Седеше со Катарина Радивојевиќ. Тој беше пијан. Јас бев негова вреќа за удирање. Има снимки од камерата. Нема што да кријам, изјави режисерот за српски Курир.
— zoranceran (@zoranceran2) August 23, 2021