Група скопјани мораа да кренат погрешно паркиран автомобил на раце за да може да помине возило на Итна помош. Настанот, снимен од случајни минувачи, се одвивал синоќа во Градскиот парк, објави порталот 360 степени.

Автомобилот кој граѓаните мораа да го креваат раце бил паркиран на недозволено место, односно на еден од пристапните влезови во паркот. На улицата каде е паркиран автомобилот е дозволено парелелно паркирање, но на неколку места на коловозот има јасна ознака „Х“ за забрането паркирање, токму за да се обезеди пристап до паркот за возила, ако за тоа има потреба.

Според очевидци, возилото на Итна помош „го чекало“ газдата на возилото пред на некој од присутните да му текне на раце да го преместат погрешно паркираното возило.

Набрзо откако Итната помош успева да пројде со помош на насобраните, се враќа и сопственикот на погрешно паркираниот автомобил. Не може да се разбере дали има разговор со присутните, но од видеото се гледа дека брзо си заминува од местото.