Дванаесетгодишно момче загина, а уште едно дете е тешко повредено при огномет на истокот на Холандија, соопшти полицијата, додавајќи дека несреќата се случила и покрај забраната за употреба на пиротехнички средства.
Несреќата се случила бидејќи децата со домашна направа гледале возрасен како пука огномет.
Полицијата на Твитер соопшти дека 12-годишно момче починало, додека друго е тешко повредено и пренесено во болница.
Полицијата додаде дека уапсила едно лице.
Холанѓаните на новогодишната ноќ обично организираат огномет на улиците или терасите, но често со повреди.
Холандската влада во ноември објави дека втора година по ред ќе го забрани традиционалниот огномет за дочекот на Новата година, за болниците да не бидат дополнително оптоварени поради можни повреди од употреба на пиротехнички средства.
Забраната се однесува на граѓаните, додека различни заедници како општините ќе можат да организираат огномет, но само со помош на експерти за пиротехника.