Во Полициското одделение Шуто Оризари вчера е извршен службен разговор со две машки малолетни лица и една малолетничка, во присуство на нивните родители и адвокат, поради постоење основи на сомнение дека се инволвирани во кривично дело по член 193-а од Кривичниот законик (Прикажување на порнографски материјал на малолетник), соопшти МВР.
„Постапувајќи по претходна пријава, според која преку социјална мрежа до неколку малолетници е испратен видеозапис со експлицитна содржина со малолетниците, полициски службеници презеле мерки и активности и во координација со социјален работник и инспектор од Одделение за компјутерски криминал извршиле разговори околу околностите во кои се случило делото“, велат од полицијата.
По насоки на дежурен Јавен обвинител за малолетници, мобилните телефони од повиканите малолетници одземени се за вештачење, а по документирање на случајот до ОЈО ќе биде поднесен соодветен поднесок.