Четиринаесет ученици и еден наставник загинаа во пукање во основното училиште Роб во Увалде, Тексас, изјави гувернерот на таа американска сојузна држава, Грег Абот.
Тој рече дека е убиен и осумнаесетгодишк, средношколец кој е осомничен за овој масакр.
„Тој ужасно и неразбирливо уби 14 ученици и наставник“, рече Абот за време на брифингот со новинарите, додавајќи дека осомничениот ја застрелал и својата баба пред да влезе во училиштето и отворил оган врз децата, пренесува ABC News.
Гувернерот на Тексас изјави дека убиецот имал пиштол, а најверојатно и пушка и додаде дека меѓу повредените има и двајца полицајци кои први се јавиле на повикот, наведувајќи дека лекарите проценуваат дека нивните повреди не се опасни по живот.
Од Меморијалната болница Увалде за ABC News потврдија дека 15 студенти се згрижени во одделот за итни случаи.
Двајца пациенти се префрлени на лекување во Сан Антонио, третиот морал да чека трансфер, додека 45-годишник е хоспитализиран поради рана од куршум, соопшти болницата.
Салвадор Рамос е 18-годишен тинејџер осомничен за масовното пукање во кое загинаа 15 лица – меѓу кои 14 ученици и наставник.
Абот на прес-конференција изјави дека полицијата презела „брза акција“ на местото на масовното пукање, но дека е предоцна за многу деца.
– Убиецот повеќе не е жив. Убиецот бил Салвадор Рамос, 18-годишен млад човек кој живеел во Увалде, рече Абот.