Францускиот претседател Емануел Макрон беше удрен по лицето од маж за време на официјална посета на Дром, регион во југоисточна Франција.
Според видеото кое се рашири на социјалните мрежи, Макрон се приближува до ограда зад која стојат луѓе, кога еден од присутните го фати за рака и потоа му удри шлаканица.
Обезбедувањето веднаш го тргна Макрон настрана, а двајца се уапсени во врска со инцидентот, според француските медиуми.
Кога човекот му удри шлаканица на францускиот претседател, се слушна извик „Долу Макронизмот’.
ALERTE – Emmanuel Macron vient de se faire gifler lors d'un déplacement à Tain-l'Hermitage dans la Drôme. Deux personnes ont été interpellées. pic.twitter.com/rXH5o15Ibd
— Infos Françaises (@InfosFrancaises) June 8, 2021