Голем пожар избувна во месноста Гребаштица кај Шибеник, место кое е на десетина километри од Шибеник. Пожарот зафати и станбени згради, евакуирани се и семејства од погодените куќи

Хрватските медиуми јавуваат дека изгорени се и неколку автомобили. Пожарот го гаснат најмалку 155 пожарникари со 57 противпожарни возила, а им помагаат дури 7 противпожарни авиони.

Пожарот се уште не е ставен под контрола, а работата на пожарникарите ја отежнува и силниот ветер.