Од запалени стрништа во Чешиново-Облешево од тамошните земјоделци вчера за влакно е избегната голема трагедија. Пламените јазици зафатиле возило во кое биол четиричлено семејство и благодарение на брзата интервенција на кочанските пожарникари е избегната трагедија.
Семејството веднаш било хоспитализирано во кочанската болница,каде што откако им биле санирани повредите се пуштени на домашно лекување. Поради ветрот пламените јазици брзо се прошириле, па во опасност покрај куќи била и бензиска пумпа.
– Вчера околу 18.00 часот во СВР Штип било пријавено дека во Итна медицинска помош Кочани биле донесени Ж.И.(43), Б.Ѓ.(25) и двајца малолетници, сите од Струмица. Додека се превезувале во патничко возило „пунто”, со струмички регистарски ознаки, на магистралниот пат А-3 помеѓу с.Облешево и с.Чифлик, возилото било зафатено од пожар кој претходно настанал во близина на патот. Од страна на лекар кај едниот малолетник се констатирани повреди – велат од МВР.
Пожарот е изгаснат, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кочани.