Министерот за Здравство вечерва за Канал 5 потврди дека Владата на вечерашната седница донела одлука да од 16ти август забрани влез за лица над 18 год во угостителски објекти и на настани без валиден доказ за најмалку една примена доза на вакцина!

Тој објасни дека кога станува збор за настани, во смисол на концерти , претстави и останати масовни случувања, забраната важи за одржување на овие настани како во затворен така и во отворен простор.

Дополнително од 16 август 2021 година целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетерии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.

Исто така, од 16 август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).

Утре на закажаната прес конференција во 11.00 часот, тој ќе ги допрецизира сите заклучоци донесени на вечерашната седница на Владата на Македонија а поврзани со актуелната состојба со Ковид-19 пандемијата во нашата земја.