Месец јуни со себе донесе олеснети рестрикции, но и наплив на венчавки. Владата пред само неколку дена дозволи до сто гости и половина од капацитетот на просторот, на летните тераси кај угостителите. Младите парови подготвени да ја искористат приликата да прослават, го вжештија телефонот на Матично, каде што дневно пристигнуваат и до триесет барања за склучување брак – бројка којашто оттаму ја оценуваат како сериозна. Управата иако е пребукирана, се уште функционира добро и слободни термини има, уверуваат оттаму.
-СИТЕ ВЕДНАШ, СЕГА САКААТ ДА СКЛУЧАТ БРАК. МЕЃУТОА, ДОСЕГА НЕ Е ВРАТЕН НИКОЈ КОЈШТО ЈА ПОСЕТИЛ УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИТЕ КНИГИ, СИТЕ СЕ УСЛУЖЕНИ. НО, НЕ МОЖАТ СИТЕ ВО ЕДЕН ИСТ ДЕН ТОА ДА ГО НАПРАВАТ И ВО ОНОЈ ТЕРМИН ВО КОЈШТО ТИЕ БАРААТ. ТЕРМИНИ ИМА. ОДРЕДЕНИ ВИКЕНДИ ВО ТЕКОТ НА ЈУНИ СЕ ЗАФАТЕНИ АМА ЗАТОА ИМАМЕ ДРУГИ ТЕРМИНИ ВО ТЕКОТ НА НЕДЕЛАТА. СРЕДИТЕ СЕ ДОСТА АТРАКТИВНИ, А СЕГА ПОЧНУВААТ И ВО ЧЕТВРТОК ДА СКЛУЧУВААТ БРАКОВИ, ВЕЛИ ПОРТПАРОЛКАТА НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ МАТИЧНИ КНИГИ, КАТЕРИНА БИТРОВСКА ЗА ТЕЛМА.