Драма во Црна Гора. Ситуацијата во Цетиње по повод устоличувањето на митрополитот Јоаникије излезе од контрола. Луѓето што протестираат во лавина го нап аднаа полицискиот кордон.

Како што јавуваат црногорските медиуми, устоличувањето на митрополитот Јоаникије предизвика голема бура меѓу населението во Црна Гора, а поради тензичната ситуација Центиње деновиве е во центарот на вниманието во регионот.

Како што јавуваат медиумите, групата го блокирала магистралниот пат Подгорица Цетиње. Поставиле барикади направени од гуми, а жените беа повикувани да застанат во првиот ред.

Противниците на СПЦ, т.н. „комити“ организирано дошле во Цетиње за да го спречат устоличувањето на митрополитот.

Поради можни судири на терен се над 1.800 полицајци, а сега таму стигнаа и оклопни возила.

За драматичната ситуација во Црна Гора сведочат и снимките кои молскавично се споделуваат по социјалните мрежи.

САД повика на смирување на тензиите до сите политички партии.