Трагична вест доаѓа од соседна Грција каде згасна животот на 14-годишниот Габриел, кој се здоби со смртна повреда на главата за време на возењето со велосипед.

Во средата (вчера) 14-годишникот го зел својот велосипед и излегол со својот братучед за да се прошетаат заедно. Теренот бил надолнински и груб, поради што Габриел паднал од велосипедот и ја удрил главата во карпа.

Неговиот шокиран братучед почнал да вреска и да вика помош додека 14-годишното момче било тешко повредено, пренесуваат грчките медиуми.

„Децата често возеа, беше лошо времето. Не можеме ништо да кажеме“, велат пријатели и роднини во истиот медиум.

Брзата помош го подигнала несреќното момче кое итно било пренесено во болницата во Агринио, но 14-годишниот Габриел им подлегнал на повредите.