-Врие од полиција во село Орел, се пребарува бунар кој е во близина на нашата викендица. Мислам дека ја бараат Злата, летаат и дронови насекаде, но мене никој ништо не ми кажува, за ВИКИМЕДИА вели Дејан Јанков од Свети Николе, чија сопруга Злата изчезна од Орел пред околу две години.

Јанков вели дека бунарот и околината биле пребарани повеќе пати во минатото, но не било пронајдено ништо.

Инаку, тој штрајкуваше со глад 19 дена, со цел да го сврти вниманието на јавноста кон случајот, и најави нов штрајк доколку не добие одговори за судбината на неговата сопруга.