Институт за јавно здравје информира дека денеска за првпат во нашата држава лабораториски се потврдени два случаја на Monkeypox – Мајмунски сипаници.
Од ЈЗУ Институт за јавно здравје, информираат дека од клиниката за кожни болести им биле упатени два пациенти суспектни за Monkeypox Мајмунски сипаници и воедно беше упатно назначено да се направи испитување и за ХИВ, сифилис и херпес.
– Институтот за јавно здравје изврши лабораториски испитувања на 3 различни начини со што лабораториски се потврдија два случаи на Мајмунски сипаници. Бидејки за првпат во нашата држава се лабораториски потврдени Monkeypox – Мајмунски сипаници, после добиените резултати, веднаш се реагираше брзо, се преземаа соодветни мерки и се известија надлежните институции, Министерство за здравство, Клиниката за кожни болести, Инфективна клиника и др – се вели во соопштението.
Согласно протоколите по добиеното известување, докторот кој ги примил пациентите ги информира пациентите за добиените резултати. Потоа следи епидемиолошка анкета од страна на епидемиолози од Институтот за јавно здравје.
– Стручни лица епидемиолози од ИЈЗ се вратени на работа и пристапија кон епидемиолошко анкетирање на двете лица, како би се добиле податоци кои би биле исклучително важни за понатамошно постапување. Анкетата е сѐ уште во тек. Ќе биде препорачано на позитивните пациенти да се јават на Инфективна клиника – информираат од ИЈЗ.
Институтот за јавно здравје ќе продолжи да ја следи состојбата и информира дека во моментов нема простор за паника, бидејќи брзо и навремено институционално се преземаат сите потребни мерки.
– Вечерва се мобилизирани сите институционални капацитети за надминување на последиците од ваквата појава и се преземаат сите превентивни мерки. Во текот на утрешниот ден ќе следат подетални информации за јавноста – посочуваат од ИЈЗ.
Што се мајмунски сипаници, кои се симптомите и како се пренесуваат?
Мајмунски сипаници (анг. monkeypox, мак. мајмунски сипаници) е заразна вирусна болест предизвикана од вирусот на мајмунски сипаници (Monkeypox virus), кој припаѓа на истото вирусно семејство како вирусот на сипаници (Variola virus, што предизвикува големи сипаници), но симптомите се обично поблаги.
Клучни информации:
Пренос: Се пренесува од животни на луѓе (зоонотично), но може да се пренесе и од човек на човек преку:
директен контакт со кожни промени или телесни течности;
респираторни капки (долг и близок контакт);
заразени предмети, облека или постелнина.
Симптоми:
треска;
главоболка;
болки во мускулите;
замор;
отечени лимфни жлезди (карактеристично за мајмунски сипаници);
осип кој почнува на лицето, а потоа се шири на другите делови од телото – осипот може да се претвори во плускавци и красти.
Тежина на болеста: Кај повеќето луѓе, болеста поминува сама по себе за 2–4 недели. Сепак, кај имунокомпромитирани лица, деца или бремени жени, може да биде потешка.
Лекување и превенција:
Нема специфичен лек, но се користи поддржувачка терапија;
Постои вакцина (на пример, Imvanex или Jynneos) која се користи и за превенција.