Либанскиот министер за култура денеска го забрани прикажувањето на филмот „Барби“ во кината во земјата, оценувајќи дека истиот промовира хомосексуалност и сексуална трансформација и е против верските вредности, пренесе „Ројтерс“.

Министерот Мохамед Мортада е поддржан од моќната шиитска вооружена група Хезболах, чиј шеф Саид Хасан Насрала ја засили својата реторика против ЛГБТ заедницата, тврдејќи дека таа претставува непосредна опасност за Либан.

Тој побара од либанското министерство за внатрешни работи да ги преземе неопходните мерки за да го спречи прикажувањето на филмот.