Топлотниот удар и исцрпеноста се причините за смртта на 29-годишната француска туристка Виолет Гигано, утврдила обдукција, објави грчката телевизија ЕРТ.
Телото на жената е пронајдено на тешко достапна патека, на околу 5 километри од познатото туристичко место Елафониси.
По краткото патување до Елафониси, таа се враќала во својот автомобил. Виолет Гигано дошла сама во Грција на краток одмор.
Исчезнала на 24 јуни, а нејзиното семејство ги алармираше властите откако изгуби контакт со неа.
После ова започна голема операција за пребарување, но на крајот беше пронајдено безживотното тело на несреќната жена.