На 01.04.2023 во 20:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„2“ во с.Сарај, скопско, настанал пожар во патничко возило „тојота“, сопственост на Љ.Ѓ.(58) од с.Сарај и патничко возило „фиат пунто“, сопственост на Ј.Ѓ. од с.Сарај, двете со скопски регистарски ознаки.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, а повредени лица нема.

Увид извршила екипа од СВР Скопје, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.